Почетна Прв циклус на студии
27.01.2012


 Студиски програми по насоки:

 -  ПРАВОСУДНА НАСОКА (ОТВОРИ ЛИНК) ico_pdf 

 - ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (ОТВОРИ ЛИНК)  ico_pdf

 - ПРИМЕНЕТА ПОЛИТИКА И ДИПЛОМАТИЈА -МОДУЛ ЕВРОПСКО ПРАВО (ОТВОРИ ЛИНК) ico_pdf

 - НОВИНАРСТВО И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА (ОТВОРИ ЛИНК) ico_pdf
 

  •   Студиските програми се направени  така што:
    • е  задржана практиката на едносеместрални предметни програми,
    • онаму каде што се наметна потреба, се направи измена и во неделниот фонд на часови и истиот се движи најмногу до 30 часа неделно;
    • некои   предмети   се   пренесени   од   еден   во   друг   семестар  односно друга студиска година заради потребата од прифаќање на студентите од дисперзираните студенти  на Првниот факултет од Скопје  и на студенти од другите Правни факултети во Р.Македонија.
    • водевме  сметка и за соодносот помеѓу бројот на тесно  стручните  и  општообразовните предмети;
    • на сите предмети им е придружен соодветен код;
    • на  сите предмети  се доделени кредити согласно  критериумите  на ЕКТС водејќи притоа сметка да нема големи отстапувања во однос на кредити по семестри, а придржувајќи се притоа на барањето вкупниот број на кредити по студиска програма да биде 180 до 300 кредити(зависно од насоката);
    • оценувањето ќе се врши по две основи континуирано и завршно(кумулативно во однос 70% према 30 %по страна оцена на професорот по соодветниот предмет).
  • Бројот на часови по предмети и семестри го задоволуваат квантумот од потреби и не претставуваат оптеретување согласно со возраста на студентите.
  • Со отварањето на новите насоки и со прилагодување на нашите со наставните планови и програми на Правните факултети во Република Македонија, во голема мера ќе ги оспособиме нашите  студенти да  стекнат стручни знаења од областа на правото, да развијат реторички, комуникативни и тесно стручни компентенции, да  научат некој странски јазик и да стекнат солидна информатичка култура.
  • Секоја предметна програма од студиската програма е кодирана со сопствен код, со што трајно се дефинираат наставните содржини, како и методите на учење и оценување и се определени компентенциите што секој студент треба да ги стекне на Правниот факултет во Кочани.
  • Секоја предметна програма е  изразена со точно определен број на кредити со кои се изразува целокупната оптовареност на студентот за совладување на предметна програма. Кредитите се доделуваат само за исполнети предвидени обврски на студентот.
  • Бројот на кредитите што студентот треба да ги оствари е 30 за еден семестар, односно 60 за една година. Студентот за секој семестар запишува предметни програми кои носат по 30 кредити.
  • Студентите ќе стекнат  специфични знања од повеќе правни области и дисциплини, но ќе стекнат и знаењата од некој странски јазик  и информатичка култура и реторички вештини. Тие ќе бидат оспособени успешно да ги  остваруваат доверените работни задачи во правосудството и јавната администрација и приватните фирми и новинарството.
  • Факултетот пропишува условувачки критериуми. Односно претходно совладани предметни програми - освоени кредити како услов за запишување  по наредни предметни програми. Условите и критериумите кои ги поставува Факултетот во однос на условувачките кредити се со цел да му овозможат на студентот да биде информиран кои предметни програми треба прво  да ги полага за потоа да може да ги запише и другите предметни програми во наредните семестри, или на другите насоки согласно студиската програма и согласно Правилникот за ЕКТС. 
  •